Астероид со големина на облакодер поминува покрај Земјата | Видео

191

Астероид со големина на облакодер во петок ќе помине на 2,7 милиони километри од Земјата. Но, нема потреба да се грижиме бидејќи шансите да не удри се многу мали, пишува британскиот весник Guardian.

Центарот на НАСА за проучување на објекти блиску до Земјата проценува дека астероидот е широк помеѓу 210 и 480 метри. Ова значи дека астероидот би можел да биде сличен по големина на Empire State Building во New York или Willis Tower во Chicago.

Астероидот е означен како 2008 OS7, бидејќи е откриен во 2008 година. Нема да ни се врати до 2032 година, но ќе биде подалечна средба бидејќи тогаш ќе биде на повеќе од 72 милиони километри од Земјата.

Безопасното прелетување е едно од неколкуте прелетувања на астероиди оваа недела. Три многу помали астероиди исто така безопасно ќе поминат покрај Земјата за време на викендот. Овие астероиди немаат дијаметар поголем од десет метри. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата во сабота, додека астероид со големина половина од 2008 OS7 ќе го направи тоа во недела.