Страшна несреќа во Лајпциг: Автобус полн со луѓе излетал од патот и се превртел, хеликоптери на лице место, има мртви (ФОТО)

Најмалку пет лица загинаа кога автобус излетал од патот и се превртел на автопатот А9 во близина на Лајпциг, Германија.

„Пет лица загинаа во инцидентот“, потврдил за Билд портпаролот на полицијата Олаф Хоуп.

Автобусот сообраќал кон Минхен кога утрово околу 9:45 часот се случила несреќата.

Од засега непознати причини автобусот излегол од автопатот и се превртел.

Засега нема информации за идентитетот на починатите.

Автопатот А9 е целосно затворен во двата правци.