Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ изготви законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители, очекуваме консензус по ова прашање

ВМРО-ДПМНЕ денеска оддаде почит на загинатите бранители од 2001 година.

Пратеникот Драган Ковачки по тој повод рече дека партијата изготвила законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители, и очекуваат консензус по ова прашање.

„Завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме. Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС“, рече Ковачки.

Како што додаде, жално е што на одбележувањето немаше претставници од Министерството за одбрана кои на овој ден требаше да испратат делегација.

Текстот Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ изготви законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители, очекуваме консензус по ова прашање е превземен од МАКФАКС.