Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус со две објави ги „поздрави“ навивачите на Атлетико по новата дерби победа (Фото)

Објавено

на

Винисиус Жуниор одново беше тема на разговор пред и после дерби натпревар во шпанската престолнина, но за тоа овојпат се погрижија и навивачите на Атлетико кои излегоа со транспарент за секаква осуда.

Навивачите на Атлетико го „обесија“ Вини на улиците во Мадрид во најавата за пресметката на „Сантијаго Бернабеу“ и нивниот потег наиде на многу негативни реакции, но на крајот последниот збор го имаше Бразилецот кој го постигна последниот гол за конечни 3:1 во Куп натпреварот.

– Мадрид го мрази Реал, – гласеше пораката над обесената кукла со ликот на Винисиус, којпак не остана рамнодушен со објавите на социјалните мрежи.

– Има само еден Мадрид. Сите го знаеме тоа, – порача Винисиус веднаш по новата победа, а потоа се огласи и за транспарентот.

– Вини ГО САКА МАДРИД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни