Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу најави интересно лето: Тотенхем мора да прави промени во ростерот

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу го наметнува својот стил на игра откако ја презеде менаџерската функција во Тотенхем, но најави дека се потребни дополнителни промени за да има профил на фудбалери какви што му се потребни.

Лондонскиот тим влезе во негативна серија во финишот на сезоната и веројатно ќе го испушти четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите, па менаџерот уште отсега размислува за следните предизвици.

– Мора да го менувам ростерот.

– Мора да го направам тоа за да имам состав кој мислам дека ќе може да го игра нашиот фудбал. За да се случи такво нешто, мора и да се откажеме од одреден број фудбалери.

– Претходните два преодни рокови направивме позитивни чекори, но ова е долг пат и треба да продолжиме. Ако ги погледнете тимовите на Арсенал и Ливерпул на почетокот на нивната етапа, тие се речиси непрепознатливи со она што го имаат сега, – истакнал Постекоглу.

Тотенхем го продолжува настапот во ПЛ со тешко гостување кај Ливерпул во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни