Поврзете се со нас

Шпанија

Арда откри зошто го избрал Реал пред Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер одлично ја искористи првата можност да биде стартер во дресот на Реал Мадрид и го постигна голот за победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, а во најновото интервју зборувал на повеќе теми поврзани со својата фудбалска кариера.

Турскиот интернационалец пристигна во Реал од редовите на Фенербахче, а покрај со мадридскиот клуб преговараше и со Барселона. Во интервјуто открил како ја донел одлуката да стане член на „кралскиот клуб“.

– Многу деца уште од најмала возраст сонуваат да играат за Реал, најголемиот клуб во светот. Тие се како фамилија и ми понудија долгорочен проект, преговорите траеја кратко и брзо ги решивме сите детали.

– Порано гледав видеа од Реал, а сега можам да тренирам со тие фудбалери, клубот ми најави дека Лука Модриќ ќе ми помогне кога ќе бидам овде.

– Карло Анчелоти ми се јави три пати, дури и побара да му ветам дека ќе дојдам во Реал, – изјавил турскиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни