1126 Манчестер јунајтед – Шефилд јунајтед (21 ч.)
Неверојатен е фактот дека Манчестер јунајтед на пет од последните шест меча постигнува барем по два гола, но и прима најмалку два погодоци, што значи дека одбраната е очајна.
Слична е ситуацијата и кога се работи за меѓусебните дуели на овие два тима. На последните шет пресметки постојано е со барем три гола, а четири пати е ГГ3+, па едноставно јасно е дека на „Олд Трафорд“ треба да има многу погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.75)
1125 Евертон – Ливерпул (21 ч.)
Градското дерби е многу значајно за двата тима. Ливерпул се бори за титулата, а Евертон уште нема обезбедено опстанок. Ливерпул победил на четири од последните пет меѓусебни дуели, а Евертон повеќе од 400 минути му нема дадено гол на локалниот ривал.
Тимот на Јирген Клоп треба да ја потврди фавиритската улога и трите бода да заминат за гостите.
Предлог тип: 2&2-4 (2.23)
1702 Монако – Лил (21 ч.)
Дерби во Франција меѓу две екипи кои се борат за настап во Лигата на шампиони за следната сезона. Монако не е многу сигурен домаќин, но и Лил не може да се пофали дека е многу опасен на гости.
Монако го има вториот најдобар напад, но и најлошата одбрана барем ако се види гол-разликата на екипите кои се во борба за излез во Европа. Последните три меча на овие ривали на стадионот на Монако завршиле нерешено.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.72)
1659 Андерлехт – Серкл Бриж (20:30 ч.)
Андерлехт загуби два од последните три меча и сега е во опасност да ја загуби челната позиција во првенството на Белгија. Во последниве 13 месеци овие два тима играле три пати и Андерлехт три пати лесно победувал без да прими ниту еден гол.
Едноставно Андерлехт мора да освојува три бода пред своите навивачи, во спротивно може да остане без титулата.
Предлог тип: 1 (1.95)
3613 Аталанта – Фиорентина (21 ч.)
Голем е влогот за двете екипи, а тоа е пласман во финалето на Купот. Фиорентина дома победи со 1:0, но Аталанта која неодамна го елиминираше англискиот гигант Ливерпул во Лигата на Европа, сигурно нема да се предаде на свој терен.
Тимот од Бергамо сигурно ќе започне офанзивно и треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)