Барди со Трабзон оди по финале на турскиот куп

6045 Клуб Бриж – Фиорентина (18.45 часот)

Виолетовите одвај го победија белгискиот тим на првиот меч пред шест дена во Фиренца со 3-2, со победнички гол во судиското продолжение. Викендов Фиорентина загуби од Верона во првенството, се чуваше за овој реванш од Конференциската лига. Кај Италијанците ќе го нема Сотил кој даде гол на првиот меч, но ја скрши клучната коска. Кај Бриж ќе го нема суспендираниот Оњедика кој беше исклучен на првиот дуел. Бриж во последно време не прима многу голови дома, но за очекување е вечерва да паднат минимум два погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

2838 Караѓумрук – Трабзонспор (19.30 часот)

Енис Барди и другарите бараат пласман во финалето на турскиот куп, и вечерва во Истанбул бранат предност од 3-2 од првиот меч во Трабзон. Караѓумрук има серија од пет меча по ред во ГГ и 3+ голови, а низата на Трабзон е четири меча едноподруго на кои и дава и прима гол, и плус паѓаат барем три гола на тие средби. Последниот нерешен исход на Трабзонспор беше пред три месеци, истотака во купот. Сезонава овие два тима се сретнаа двапати во лигата, во Трабзон беше 5-1, а во Истанбул 0-0.

Предлог тип: Х2 & 2-5 (1.93)

 

6002 Реал Мадрид – Баерн Минхен (21.00 часот)

За многумина, ова е финале пред финале во ЛШ и победникот ќе биде фаворит на хартија во големото финале. Реал е комплетен, го нема само Алаба кој одамна е во аут, а кај Баерн од поважните играчи ќе ги нема Коман и Гереиро. Баерн е најефикасен тим во Топ 5 лигите во Европа, а Кралскиот клуб е 14-кратен европски првак, ова е дуел на гиганти и голови мора да има, секогаш кога играа овие два тима официјални мечеви во последните десет години, имаше барем три погодоци. Кај Реал се враќа Карвахал, а кај Баерн во комбинација е Де Лихт, овие двајца ги немаше на првиот меч пред осум дена.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.81)

 

1025 Питерборо – Оксфорд јунајтед (21.00 часот)

Овој меч ќе го даде вториот финалист во плејофот на Лига 1, за влез во англискиот Чемпионшип. Првиот меч пред четири дена го доби Оксфорд со 1-0, но последниот пат кога Оксфорд гостуваше кај Питерборо, а тоа беше пред нова година кон крајот на декември, загуби со 0-3. Традицијата вели дека на последните четири нивни меѓусебни дуели, секогаш барем едниот тим не давал гол, а и важноста на мечот може да придонесе да нема премногу погодоци.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.35)

 

8510 Барселона – Олимпијакос (21.00 часот)

Тука станува збор за петти решавачки меч од четвртфиналето на плејофот во кошаркарската Евролига. Домашниот терен треба да биде клучната предност за Барса, иако Олимпијакос еднаш победи како гостин во оваа серија и со право се надева на место на фајнал-форот во Берлин. Олимпијакос ја прегази Барселона со 34 поени разлика на четвртиот меч кога изедначи на 2-2, но Каталонците го добија тоа што го сакаа, мајсторка на свој терен и тешко дека ќе дозволат да бидат поразени.

Предлог тип: 1 & >151.50 (3.10)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести