Магазин

Фантастичен концерт на Жељко Самарџиќ, „Бисер Балкански” му посвети песна на Тоше (Видео)

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје. Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ ја отпеа „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба.

Ефективен беше стартот на  концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко“.

Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката.
Единствениот естраден магазин “Бекстејџ” од прв ред ја пренесе атмосферата за која долго ќе се зборува, а што се забележа камерата погледнете во видеото:

Фото: Стефан Самандов

Можеби ќе ве интересира: