Breaking News

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.


Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри.


Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело. Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска.


Земјотресот е почувствуван и во Загреб. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА