Останати спортови

Најдобрите светски тенисери бараат поголеми награди на Грен слемовите

Најдобрите светски тенисери бараат поголеми награди на Грен слемовите

Најдобрите 20 тенисери од ВТА и АТП листите побараа од организаторите на четирите Грен слем турнири поголеми парични награди.

Во писмото, за кое прв го објави весникот Екип, тие побарале средба за да се разговара за играчите кои добиваат дел од Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД ОПЕН.

Американката Ема Наваро како причина за потпишувањето на писмото ги наведе „неправедните односи на платите“.

– Разговарав со другите играчи малку за тоа и мислев дека е добра идеја да потпишам. Мислам дека тоа е добра причина да се здружиме како играчи и да се погрижиме да имаме фер третман – изјави 11-та светска тенисерка, пренесе Би-Би-Си.

To top