Исфрлете ја мочната киселина од телото: 3 народни лекови за гихт

Точка

02/07/2022

16:31

27.320

Големина на фонт

а а а

Таложењето на мочна киселина може да предизвика болки во зглобовите, па дури и гихт.

Гихт е инфламаторен облик на артритис чии симптоми вклучуваат црвенило, отекување на зглобовите и боли. Понекогаш е дури и болно самото движење, се чувствува вкочанетост и оток на телото. Честа причина за појава на гихт е вишокот мочна киселина во организмот.

Кога бубрезите не работат добро и не можат да ја исфрлат сета мочна киселина од организмот, таа се кристализира и се таложи околу зглобовите, што доведува до воспалителни процеси.


Како да ја отстраните мочната киселина од телото?

Лицата кои имаат вишок мочна киселина во телото мора да го променат начинот на исхрана. Храната мора да се базира на свежо овошје и зеленчук. Морските плодови, месото, алкохолот и преработените шеќери доведуваат до зголемување на мочната киселина во телото.

Не заборавајте да пиете што повеќе вода. Добро е да се консумираат и природни сокови, но и билни чаеви.

Ова се најефикасните лекови за отстранување на мочната киселина од телото:

Сода бикарбона

Измешајте половина лажичка сода бикарбона во една чаша вода. Пијте ја ваквата мешавина еднаш дневно. Ако имате гихт, пијте една цела лажичка сода бикарбона растворена во чаша свежа вода.


Лимонада

Лимонадата го алкализира организмот и помага да се избегнат многу здравствени проблеми, вклучително и гихт. Секое утро на празен стомак, пред појадок пијте 200 мл. топла вода измешана со сок од половина лимон.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет делува слично како лимонадата. Помага во создавање на алкална средина во телото. Разредете една лажица оцет во 200 мл. вода и пијте 2 пати дневно – една чаша пред ручек, а другата пред вечера.

Намирници кои помагаат во исфрлање на мочната киселина од телото се и куркумата, ананасот и лененото семе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг