Со експлозив разнесен банкомат во Бутел, ограбувачите останале без плен

101

Банкомат на  НЛБ банка рано утрово бил целосно оштетен, откако на него била поставена експлозивна направа. Како што информираат од МВР експлозивната направа била поставена рано утрово, од страна на четири лица кои се обиделе да одземат пари, но не успеале во намерата. Во случајот нема повредени лица, а покрај банкоматот оштетени се и три возила.

Станува збор за банкомат лоциран на улица во скопската општина Бутел.

Настанот се случил утрово пред четири часот.

„На 06.06.2023 во 03.38 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица“, се наведува во информацијата на МВР.

Оттаму додаваат дека во моментов полициски екипи вршат увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од фотографиите кои ги објави ТВ Сител од местото може да се види банкоматот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ е целосно оштетен од експлозијата.