Македонија Берово

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија, изјави Ковачки.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината

„800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари. 800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово“- изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

-Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево, потенцира во изјавата Ковачки.

Тој нагласи, Почитувани граѓани, На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

To top