Со супер брз воз, од Анкара до Истанбул за 80 минути

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул го најави новиот проект за супер брзиот воз Анкара-Истанбул, кој ќе вози со брзина од 350 километри на час.

„Годинава објавуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час и времетраењето на патувањето ќе биде 80 минути“, рече Ердоган, објави Анадолија.
Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.

„Тунелот, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување за транспортот на Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.

Посочи и дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири (47,7 милиони евра), а должината на автопатиштата е зголемена од 350 на 794 километри.