Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Она што мене малку ми недостасува во изборна кампања е онаа суштина, а тоа е надмудрување, размена на идеи, преиспитување на сите одлуки на граѓанинот, животни одлуки, секојдневие, идеали, па и идеологии. Значи такво нешто повеќе немаме, смета Иво Ранѓеловиќ, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Се е сведено на кандидатите, кои дури излегуваат од своите ингеренции кои би ги имале доколку станат претседател, во име на некоја одредена партиска политика. Од друга страна, кампањата е релативно мирна, дури и помирна од тоа што очекував. Сепак, претседателот како функција, нели е тој сервис меѓу граѓаните и владата би рекол, сметам дека е поблизок до народот одошто е премиерот. Затоа сметам дека претседателската кампања можеби требаше повеќе да се одвива во адресирање на тие суштински проблеми на граѓаните, тоа секојдневите. Малку да добие и тоа на тежина“, изјави Ранѓеловиќ.

Тој смета дека кандидатите за претседателските избори се релативно квалитетни, во однос на тоа, како што рече, што значело Македонија да избира за премиер на пример“.

„Извесноста е јасна. Сметам дека кандидатите од помалите партии, па дури и од албанскиот блок се повеќе во оваа кампања за порано да влезат во кампањата за парламентарните избори како партија, одошто очекуваат нешто од претседателските претенденти. Следи тесна битка меѓу двајцата кандидати кои се фаворизираат во јавноста. Сметам дека двајцата се исклучително квалитетни и Македонија нема да згреши со било кој од нив“, смета Ранѓеловиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе