Мајсторите за нерешено се спасија од пораз, но блиску се до преселба во Серија Б (Видео)

Виктор Осимен на шести меч по ред против Удинезе дава гол, а вечерва со погодокот на Нигериецот, Наполи одигра 1-1 и остана во игра за излез на европска сцена, оставајќи го Удинезе да стравува за прволигашкиот статус.

Фриулијаните се спасија од пораз во 92-та минута, а ова е нивен дури 18-ти нерешен резултат сезонава. Удинезе е во опасната зона на табелата, трети е од долу, и на три кола до крајот на сезоната, има два бода помалку од Емполи кој е пред него.

Удинезе има само четири победи сезонава, а се чини дека мора да триумфира барем двапати во последните три кола ако сака да остане во Серија А. Во следното коло, Удинезе му гостува на Лече, тим кој теоретски уште нема обезбедно опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести