Сузана Гавазова бојкотирана од македонската дијаспора, сега е ѕвезда на концертите со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ

719

Дали се уште се сеќавате дека за пеењето на популарната македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова во Австралија, кај нашите во дијаспората, а пред помалку од една година, имаше бојкот? Против убавата пејачка се пишуваа петиции, се правеа дури и демонстрации со бурни реакции, со повици за бојкот на нејзините концерти кои тогаш беа во подготовка.  Нашинците беа наводно длабоко разочарани што Гавазова настапи на една забава организирана од партијата која не е по критериумите на македонската дијаспора.  А, се се случуваше по повод Денот на независноста Осми септември. Сузана тогаш беше невкусно озборувана. Велеше, дека за себе слушнала многу злоба, многу невистини.

Но, Сузана е сега токму на таа турнеја во Австралија и од тогаш до денес, се се заборави. Таму замина со голема желба да им пее на нашинците без разлика на нивната партиска определеност. Публиката брзо се одлути. На убавата весела песна на Гавазова и Господ паѓа на колената, а за нејзиниот природен сексапил да не зборуваме. Се се гледа и се е многу јасно.

Дека Гавазова е барана, дека растура кога пее и дека е слушана пејачка, дека кај неа нема место ни за било каква партиска политика, доказ е и нејзиниот следен настап во Швајцарија, после концертите во Австралија.

Токму таму, во Швајцарија, македонската пејачка ќе има голем заеднички концерт со српските ѕвезди Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ.  Секоја чест! И уште еден доказ дека музиката и добрата песна не знаат за граници и нации.   Д.М.