Шампионот Струга ТЛ се раздели со тренерот Шпетим Дуро

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалскиот клуб Струга ТЛ на три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, влегува во битка за одбрана на титулата со нов тренер. Клубот денеска објави дека се разделува со албанскиот стручњак Шпетим Дуро.

Дуро дојде во Струга ТЛ минатата сезона на местото на Срѓан Захариевски, и успеа да го однесе тимот до првата историска шампионска титула. Меѓутоа двата порази по ред со кои тимот пропушти шанса да се одлепи од конкурентите, беше пресуден за отказот на Дуро. Тимот во последните пет меча има само една победа и три порази.

Дуро ќе го менува Меритон Гегеш, кој ја извршуваше функцијата помошен тренер на екипата. Се очекува по крајот на сезоната, тимот да добие нов предводник.