Граѓаните на Новаци гласале во најголем број, најмала излезност во Липково и во Центар Жупа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според податоците пристигнати до 18:30 часот, најголема излезност за претседателските и за парламентарните избори има во Општина Новаци. За претседателските избори во оваа општина има повеќе од 72%, додека за парламентарни излезноста е над 74%.

Најмала излезност има во Липково, за претседател таму гласале само 7,35% од граѓаните на оваа општина, додека за парламентарните избори намала излезност има во Центар Жупа, 18.60%.

„До 18:30 часот пристигнати се податоци претседателски избори, гласале 46,31%, сега можеме дека е исполнет цензусот. Најголемата излезност во Новаци со 72,76%, најмала во Липково 7,35%. Споредено со првиот круг вкупно се бележи намалување од 3%. Парламентарни избори, излезноста е 53,30%. Најголема излезност има во Новаци 74,85%. Најмала излезност на парламентарни избори Центар Жупа 18,60%. Имаме зголемување од минатите избори од 7,43%“, изјави Александар Даштевски, претседателот на ДИК.