Неверојатна изјава на Чави: Бевме супериорни против Реал Мадрид и Жирона!

Шпанската фудбалска јавност е во шок после изјавата на тренерот на Барселона, Чави, кој изгледа живее во некој свој свет и кажа дека Барса била супериорна на дуелите со Реал Мадрид и Жирона, но тоа не се покажало во резултатот.

Барса не освои ниту еден бод сезонава против двата тима кои се пред нив на табелата, а прими вкупно 13 гола (8 од Жирона и 5 од Реал).

„Ни се повторува истата приказна цела сезона. Го контролираме мечот, имаме сè во свои раце, а потоа правиме грешки и губиме му ги подаруваме победите на противникот. Вакви случаи имавме на сите четири меча со тимовите кои се пред нас на табелата. Бевме супериорни против Реал и Жирона, ги контролиравме мечевите, но тоа не се покажува на резултатот поради нашите грешки кои тим како Барса не смее да си ги дозволи. Имаме многу фудбалери кои не се доволни зрели“, изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести