Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн соопшти една добра и една лоша вест пред гостувањето на „Бернабеу“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен вчера загуби од Штутгарт и немаше баш добра подготовка за реванш полуфиналето со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но мора да се признае дека Томас Тухел беше резервиран и одмораше голем дел од играчите.

И покрај тоа, еден од играчите кои требаше да биде стартер против Реал заработи повреда уште во првото полувреме и беше повлечен од игра, а денеска пристигна инфорнација дека проблемот не е наивен.

Рафаел Гереиро ги истегнал лигаментите на скочниот зглоб и ќе биде во аут неколку седмици, па повеќе од јасно е дека нема да биде опција плус за Тухел нареднава среда.

Покрај лошата вест, Баерн испорача и една добра за своите фанови во подготовките за полуфиналето со Реал, бидејќи како што стојат работите, Тухел на располагање ќе го има Матијс Де Лихт.

Холанѓанецот не можеше да настапи на првиот меч и на негово место играше Ким, а токму Кореецот беше голем трагичар со две грешки во ремито од 2:2. Баерн денеска објави дека Де Лихт без проблеми го одработил тимскиот тренинг, што е најава за место во стартната постава на Тухел во среда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни