Кејт Мидлтон го следи златното правило во своето воспитување, кое го наследи од принцезата Дијана (фото)

Кралските деца постојано се под лупа на јавноста и во повеќето случаи се однесуваат како што треба. Ова е последица на практичното воспитување на Кејт Мидлтон, која користи многу паметни трикови кои ги препишала од нејзината мајка Керол Мидлтон и покојната принцеза Дијана.

Златното правило на Кејт Мидлтон е да ги учи децата на добрина. Кога ќе ги споредите фотографиите на принцезата Дијана и нејзините деца и оние на Кејт Мидлтон и принцовите Џорџ, Луис и принцезата Шарлот, сите се многу нежни со своите деца.

Според магазинот Hello, Кејт често ги држи децата за раце. Често гледаме помалку утешни гестови како тапкање по грбот или галење по косата. Кога е во интеракција со децата, Кејт обично се спушта до нивното ниво за да ги погледне во очи. Ова често го правела принцезата Дијана.

Неименуван медиумски извор откри дека, далеку од очите на јавноста, Кејт Мидлтон е обична мајка. Зад затворени врати таа е опуштена, но јасно ќе им стави до знаење на децата дека има одредени граници.

Во куќата на кралската двојка едно е строго забрането

,,Таа има строго правило кое мора да го почитуваат сите во куќата – нема викање. Тоа е забрането”, рекол нејзин близок извор.

Но, за разлика од домаќинствата каде што децата ги испраќаат во нивната соба како казна, кралската двојка има поинаква техника – зборување на каучот.

„Непослушното дете секогаш ќе мора да седи со мама или тато. Ќе му се објасни каде згрешило, ќе му кажат какви се последиците од таквото однесување и никој не крева глас“, тврди изворот.

Во својата книга „Позлатена младост: интимна историја на растењето во кралското семејство“, Том Квин напишал: „Кога принцот Луис лошо се однесувал на прославите на јубилејот на кралицата Елизабета, вадејќи го јазикот кон неговата мајка, таа очигледно користела тајна шифра за да ги смири децата“. Тоа е реакција која е пофалена од речиси сите кралски коментатори.