Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Книжевна средба со Славе Ѓорѓо Димоски на Саемот за книга во Скопје

Скопје/Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Саемот за книга во Скопје денеска ќе се одржи книжевна средба со поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

– Пријатели, другари, познаници и останати, денеска во 18:00 часот, повелете на штандот на ПНВ Публикации заедно да осетиме вкус на „Грозје од кукавица“, порача Ѓорѓо Димоски.

Под слоганот „Приказна се чита“, годинешното издание на Саемот на книга ќе се одржи од 18-ти до 24-ти април во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде бројни издавачи и автори од Република Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Саемот ќе биде надополнет и со повеќе издавачи од регионот,
како Србија, Турција, Албанија, Косово и други.

– Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време, се вели во најавата за годинешното издание. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука