Апелација ја укина 9-годишната казна на Боки 13, ,,Меѓународен сојуз” ќе се суди од почеток

by fokus

Судењето за случајот ,,Меѓународен сојуз” ќе стартува од почеток, бидејќи Апелација делумно ја укина првостепената пресуда со која Бојан Јовановски-Боки 13 беше осуден на 9-годишна затворска казна.

-Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С., сите од С. и по повод жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 годинапод став I од изреката по однос на обвинетиот Б. Ј. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Ј. Е. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетата Х. Б. од С., за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот М. Ј. за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик и обвинетото правно лице А.З.Ц.О.С.З.К- М С. од С.– Ц., за кривично дело Измама од чл.247 ст.8 в.в. ст.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд, информираат од Апелација.

Пресудата, како што веќе информираше ,,Фокус”, беше донесена уште пред два месеци, но одлуката се сподели денеска, зошто се чекаше да биде изготвена и образложена и писмено.

Судењето нема да стартува од почеток само за професорката Фросина Ременски, на која и е потврдена ослободителната пресуда. На таткото на Боки 13, Миле Јовановски пак казната му е намалена на една година.

-Апелациониот суд ги потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година, информират од Апелација.

Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски – Боки 13, кој со првостепената пресуда е осуден на по пет години за двете кривични дела измама и перење пари , кои судот му ги пресмета во единствена казна од девет години.

Јасна Ерцеговиќ доби по две и пол години за помагање во двете дела и беше осудена на единствена затворска казна од четири години. Христина Блажевска беше осудена на една година затвор, но само за делото помагање во делото перење пари, додека за делото измама таа доби ослободителна пресуда.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека под превезот на невладината организација „Меѓународен сојуз“ двајцата бизнисмени Силјан Мицевски од градежната компанија „Пелистер“ и Ардијан Амзоски од „Дрим билдинг“ биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 719.905, а Амзоски 233.821 евро.

Валентина Вурмо

Поврзани новости