Јокиќ и Денвер вечерва ја завршуваат работата против Леброн и Лејкерси, втора година по ред ќе игра „метлата“?! (Фото)

Вечерва ќе се одиграат четири натпревари од првата рунда од плејофот во НБА-лигата, а во фокусот ќе биде дуелот меѓу актуелниот шампион Денвер нагетс и ЛА лејкерс бидејќи се поизвесно е дека втора година по ред „ќе игра метла“.

Денвер води со 3-0 во победи против Лејкерси, а и минатата година на патот кон титулата, во финалето на Западната конференција ги победи со 4-0 во победи.

По двете победи на домашен терен, Денвер предводен од Никола Јокиќ пред два дена со 112:105 славеше и во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес и дојде на само една победа од пласман во следната рунда.

Според квотите, вечерва се очекува да биде последен дуел меѓу Денвер и Лејкерси и шампионот да оди во следната рунда, додека Лејкерси и првата ѕвезда Леброн Џејмс да заминат на летен одмор. Уште еден податок кој покажува дека Денвер и Јокиќ се ноќна мора за Лејкерси се 11-те победи на шампионот во последните 11 меча.

Уште еден меч ќе се игра вечерва од плејофот во Западната конференција, тоа е дуелот меѓу Њу Орлеанс пеликанс и Оклахома сити тандерс. Најдобриот тим на Западот во регуларниот дел, Оклахома сити славеше во првите два меча (94:92 и 124:92). Голем проблем за Њу Орлеанс е повредата на првата ѕвезда Зајон Вилијамсон кој сигурно ќе го пропушти вечерашниот дуел, со што Оклахома ја прави фаворит за триумф со кој би дошла само на една победа од следната рунда.

НБА-програмата вечерва ќе започне во 19 часот со дуелот на Истокот меѓу Орландо меџик и Кливленд кавалирс.

Кливленд води со 2-1 во победи, но Орландо славеше во третиот меч (121:83) кој се играше во „Киа центарот“ во Флорида. На тој меч блескаше Паоло Банкеро со дабл-дабл од 31 поен и 14 скока, и вечерва е главен адут на Орландо за победа која би значела израмнување на 2-2 во победи.

Минатогодинешниот финалист, Мајами хит, иако преку плејин-турнирот влезе во плејофот, по првите два меча има 1-1 против најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Бостон селтикс. Мајами до победата во Бостон од 111:101 дојде играјќи без првата ѕвезда Џими Батлер кој има повреда на коленото, како и без Тери Розиер, и покажа дека никогаш не смее да се отпишува.

Доказ дека Мајами знае како да игра против Бостон е минатата сезона кога губеше со 3-1 во победи во финалето на Истокот, но врза три триумфи по ред и се пласира во големото финале каде загуби од Денвер со 4-1 во победи.

Во понудата на Sport Life има фантастична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Огромен е бројот на играчи кои може да ги одиграте за бројот на постигнати поени, скокови, асистенции, но и комбинираната игра на збирен број на поени-скока-асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести