Скандинавките на ПОСЕБЕН начин го негуваат своето лице: Доколку сакате беспрекорна кожа, следете ги овие ТРИ правила

26 јануари, 20230
nude-sminka-2048x1368

Грижете се за вашата кожа, особено во зима

За разлика од Корејките, чија секојдневна нега вклучува 12 чекори, Скандинавките се трудат да бидат што поедноставни во се и затоа тајната на нивниот беспрекорен тен не бара многу труд, а дава фантастични резултати.

Ова се нивните 3 златни правила кога станува збор за нега на кожата:

Хидратацијата е најважна

Првиот чекор до совршен тен е хидратацијата. Тоа значи да пиете само вода, но и да избирате хидратантни производи, по можност оние со хијалуронска киселина.

Добар трик е да го нанесете кремот или лосионот три минути по миењето на лицето. Исто така, крема или лосион се задолжителни секој ден, како и заштита од ветер и сонце.

Негата на кожата секогаш треба да биде сезонска

Негата на кожата треба да се менува во зависност од сезоната. Сосема е логично дека она што делува во лето, нема да делува во зима поради различните услови на кои е изложена нашата кожа.

Количината на влага во воздухот е различна, а различно е и нивото на УВ зрачење. Во студените месеци треба да користите производи кои ќе и помогнат на кожата да ја задржи влажноста.

Во зимските месеци треба да избирате богати креми и серуми, а во лето производи кои нема да бидат мрсни и нема да ги затнат порите.

Никогаш не прескокнувајте SPF

Секој кој знае нешто за негата на кожата знае дека заштитниот фактор не треба да се прескокнува, без разлика на сезоната. Во зима може да биде понизок отколку во лето, но не се препорачува да биде понизок од 20.

Со оглед на тоа дека УВ зрачењето постои во текот на целата година и SPF е првата линија на одбрана од предвременото појавување на брчки и фини линии. Исто така, не е доволно да се нанесува заштитен фактор само наутро, туку треба да се обновува и во текот на денот.

Затоа, добро е во чантата секогаш да имате балзам за усни со заштитен фактор за да ги заштитите и усните од сончевите зраци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi