Хрват и Црногорец се осомничени дека со брод прошверцувале 305 килограми марихуана од Црна Гора

43
Хрватски државјанин е уапсен вчера на подрачјето на Дубровачко-неретванската жупанија, а 27-годишен црногорски државјанин е уапсен во Црна Гора поради шверц на марихуана, пренесува Индекс.хр.
Уапсените лица се осомничени дека од 27 декември 2022 година до 14 март 2023 година се здружиле на територијата на Црна Гора да набават поголемо количество марихуана и дрогата да ја шверцуваат преку државните граници во Хрватска за понатамошна продаќба во Хрватска и други држави од Европската унија.
Дрогата, како што наведува овој медиум, со бродови е шверцувана по морски пат од Црна ора во Хрватска, по што била скриена, а потоа транспортирана до купувачот.
Се сомнева дека членовите на споменатото злосторничко здружување во три наврати од Црна шверцувале неутврдена количина дрога од Црна Гора во Хрватска, додека полицијата во два наврати запленила вкупно 250 килограми дрога шверцувана на овој начин.