Вести Избори 2024 Македонија Претседателски избори 2024

Јакимовски го призна поразот: Резултатите се далеку од моите очекувања

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, го призна поразот од претседателските избори и ѝ посака среќа во вториот круг на кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

„Ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признаам поразот на овие претседателски избори и воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Силјановска – Давкова, како и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг“, рече Јакимовски.

Вели резултатите се далеку од неговите очекувања, но истакна дека граѓаните имаа можност да избират меѓу седум претседателски кандидати.

„Дали резултатите се задоволувачки според мене, се разбира, дека не се. Далеку се од очекувањата. Но, како и да е, битно е дека граѓаните на Република Македонија имаа избор, бираа помеѓу седум свои кандидати. Дали биле во право во тоа што го избрале ќе видиме после пет години, се надевам дека ќе бидеме сите живи и здрави и после пет гопдини ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, изјави Јакимовски од седиштето на ГРОМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе