ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Мега за втора победа сезонава во АБА лигата

МЗТ атакува на нова победа во АБА лигата/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Во осмото коло од АБА лигата составот на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ славеше со 94:82 против Мега Баскет.

Македонскиот шампион ја прекина серијата од три порази во низа и после втората победа е на 10 место со 10 бодови.

За „металците“ на денешниот дуел Американецот Ајви имаше 15 поени, додека неговиот сонародник Кефи и В. Стојановски запишаа по 12.

На спротивната страна за српската екипа доминираше Дуришиќ со 18 поени, следен од Хрватот Бранковиќ кој застана на 16 коша.

Аеродромци следниот меч во регионалното натпреварување ќе го имаат на 4 декември во Босна и Херцеговина против Игокеа која денеска загуби кај српскиот ФМП Београд со 89:77.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот