Туск: Европа мора да инвестира повеќе во одбраната, да изгради заеднички систем за противоздушна одбрана

од Milan1

Европа мора да ги зголеми своите одбранбени способности и да изгради заеднички систем за противвоздушна одбрана за да избегне конфликти, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Поради конфликтот во Украина, Полска издвојува четири отсто од БДП за зајакнување на одбранбените системи, пренесува Ројтерс.

Говорејќи на Европскиот економски конгрес, Туск истакна дека земјите-членки на ЕУ треба да ги здружат силите за да ги зголемат трошоците за одбрана за најмалку 100 милијарди евра.

Слични содржини