Двајца возачи од Охрид се исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол, информираат од СВР Охрид.

На 03/04.02.2023 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид, полициските службеници затекнале двајца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews