Деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Олга Кошевалиска гостуваше во најновото издание на поткастот „Да не се лажеме со Хаџи Јанев“, емитувано на националното радио Канал 77. По повод една година од масовното убиство на учениците во белградското училиште „Владислав Рибникар“, Taa говореше за заштита на правото на детето, насилството меѓу децата и улогата на институциите во земјава.
Според Кошевалиска, во однос на законската регулатива децата во државата се безбедни, но не и во однос на секојдневната пакрса, а оосбено во светот на дигитализацијата. Како што кажа таа, благосостојба на детето значи да се влијае прво воспитно, а последно со санкција или репресија.
- Концептот на родителското воспитување е отскочна даска за правилен и здрав развој на детето. Ако се навратиме на грозоморниот чин во Белград ќе се потсетиме на коментарите на социјалните мрежи напишани од родители кои посакуваат драконски казни на момчето „убиец“, а такви примери имаше и од претставници на политичката елита. Тоа збори дека и денес сè уште постојат старомодни техники, размислувања и дисциплини кај одредени родители кои очигледно не се согласуваат и не размислуваат во правец на правата и заштитата на малолетниците, односно дека за благосостојба на детето прво треба да се влијае со воспитни мерки, а последно со санкција или репресија. Сепак, тоа не значи и дека децата се апсолутно заштитени, ниту дека се имуни на казни. Во најголема мера санкциите зависат од тежината на кривичното дело, а таков пример имаме и во Македонија, чија евиденција покажува дека има две деца кои лежат во затвор заради убиство! Во зависнот од степенот на детскиот развој или предвремена зрелост, комисија од стручен тим одлучува кои деца се чинители на дела со мала или поголема свесност при нивното извршување, вели Кошевалиска.
Деканката на Правниот факултет потенцираше дека проблемот во државата не во законодавството, туку во доминацијата на политиката и во светот на децата.
- Децата не смеат да бидат во сенка на политиката. Крајно време е да не се бираат наставници заради политичка определба или придонес, туку по знаење и потребни квалификации. Секој закон јасно говори дека е потребно да се носат одлуки во најдобар интерес на детето! Сепак, мора да се потсети и дека децата се огледало на родителите, за жал сè помалку имаат почит кон наставниците, а тоа е така поради „моќта“ што нивните родители ја демонстрираат кон стручниот училишен кадар, алармира Кошевалиска.
Целосниот разговор со универзитетската професорка од Правниот факултет Олга Кошевалиска може да го проследите денес со почеток во 18 часот на „Јутјуб“ профилот на Канал 77.