Забава
Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога – Bitsiani!
Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски!
Bitsiani водичот за оваа матурска сезона вели дека боите се тренд број еден. Од сини до пастелно розови комбинации, во нив се инкорпорирани младешката енергија, смелост и живот! Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат.
За момците кои сакаат нешто уште похрабро – одела со принт или уште повеќе – принт + боја. Одличен начин да се спои новото со класичното. Да се привлече внимание, но со вистинската доза на стил и уникатност. Супер избор за оние кои уживаат да привлекуваат погледи.
Не ги забораваме ниту момците кои за ваква (или било која друга) свечена пригода би ѝ дале предност на елеганцијата и безвременоста. Кога некој сака вака да изгледа, одбира црно струкирано Bitsiani одело и добриот впечаток е веќе загарантиран.
Секако дека овде понудата на Bitsiani не завршува, но е добар вовед во она што можеш да го очекуваш оваа пролет кога ќе имаш многу причини за славење.
Биди добро облечен Bitsiani фраер со манири! А ако ти треба совет или сугестија како да издоминираш во оваа сезона на прослави, тимот на Bitsiani е секогаш тука за да ти помогне да ја понесеш уникатноста со стил!
Организација и реализација: Fashion Group
Фотограф: Мартин Трајановски
Локации: Клуб Хазард, Куглана Мусандра, Тениски клуб Александар Палас
Модели: Ќамил, Лука и Давид
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот свршеник на Лејди Гага се ожени со 15 години помлада манекенка
Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата „Чикаго во пламен“, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.
Тие имаа мала, приватна церемонија во Чикаго, каде што Кини неодамна го заврши снимањето на 12-тата сезона од серијата на Ен-би-си, пишува „Пипл“.
Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на „Инстаграм“ во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан. Иако двојката јавно не зборуваше за својата врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата „Чикаго во пламен“ во 2022 година во 11-тата сезона.
Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.
Кругер на Универзитетот во Ајова дипломирала новинарство во 2017 година. По тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментно работи со скратено работно време како менаџер за развој на бизнис за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.
Забава
Крунисана нова мис на САД откога претходната победничка се откажа од победата
Првата второпласирана мис на САД за 2023 година, Савана Ганкиевич од Хаваи, стана новата победничка на натпреварот повеќе од една недела откога претходната мис поднесе оставка поради менталното здравје.
Ганкиевич, која води непрофитна организација, ќе ја држи титулата до следниот натпревар во август.
„Подготвена сум да имам позитивно влијание со оваа организација што ја сакам“, рече Ганкиевич за време на церемонијата на крунисувањето на Хаваите.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.