Евроголовите не се реткост во женскиот фудбал, Љуботен и Саса ја продолжуваат мртвата трка за титулата (Видео)

Водечкиот двоец во Првата женска фудбалска лига на Македонија, Љуботен и Каменица Саса, забележаа победи во дерби-дуелите кои се одиграа изминатиот викенд.

Лидерот Љуботен со 4-1 беше подобар од Скопје во дуел на кој гледачите во Тетово имаа можност да видат два прекрасни гола од слободен удар, по еден на двете страни. Најпрво Александра Марковска во 76-тата минута погоди од слободен удар за водство на домашните од 4-0, додека Рабија Дервиши исто така од слободен удар, во 91-вата минута ги постави конечните 4-1.

Второпласираната Каменица Саса со 1-3 беше подобра во дерби-дуелот против Тиверија на гостински терен и останува на бод зад актуелниот шампион Љуботен.

Резултати:

Топ Гол – Цевитана 3-0
Тиверија – Каменица Саса 1-3
Речица – Шкендија 3-0
Асс Јунајтед – СЦ Истатов 4-3
Љуботен – Скопје 4-1

Изминатиот викенд заврши и женската второлигашка конкуренција. Екипата на Атлетико од Битола следната сезона ќе игра во Првата лига откако успеа да победи на сите 14 натпревари и супериорно со 137 дадени гола и само два примени дојде до првото место. Скопски Вардар заврши на втората позиција и сега го чека својот противник за баражот за пласман во повисок ранг, а тоа ќе биде екипата која ќе го освои деветтото место во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести