Милан ја најде замената за Жиру

Искусниот Французин Оливие Жиру на лето го напушта тимот на Милан и се сели во МЛС тимот на Лос Анџелес, па ќе биде неопходно што поскоро да се најде замена за него.

Како што стојат работите, во Милано имаат список со три можни замени, но се чини дека изборот паднал на словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко. Фудбалерот на Лајпциг и оваа сезона блеска, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе направи се за тој да заигра на „Сан сиро“.

Фудбалерот има клаузула во договорот дека може да си замине доколку некој плати 65 милиони евра, плус уште десет ако не го напушти тимот веднаш на стартот на преодниот рок.

Доколку не успеат со Шешко, на мета на „росонерите“ се Џошуа Циркзе од Болоња и првиот стрелец на Штутгарт, Серху Гираси.

Се вчитува...