(ВИДЕО) Две најлесни техники за бојадисување јајца кои ги восхитија домаќинките

Без оглед на тоа дали сте почетник во обојувањето јајца или веќе со години го практикувате овој обичај во своето семејство, едно е сигурно, има многу идеи кои може да ги искористите.

Поради тоа што се ближи еден од најголемите христијански празници, вистинско време е да одлучите со која техника ќе ги направите вашите јајца да изгледаат прекрасни.

Ние ќе ви пренесеме две идеи, една со ориз, а друга со шлаг. Во двата случаи се користат прехранбени бои кои се здрави и нема да го загрозат здравјето на вашите најмили.

Техника со ориз
За оваа техника потребни се бели јајца. Доколку немате тогаш применете трик за избелување, а потоа подгответе ги следните состојки:

– ориз;
– прехранбени бои;
– јајца.

Подготовка:

Во ќесичка ставете ориз и во него додадете боја. Ставете неколку капки боја колку што сакате за истата да биде распространета на јајцата. Почнете со пет до шест капки во оризот и додавајте од боите по потреба. Ставете го јајцето во ќесичката и лесно протресете за бојата да остане на него.

Техника со шлаг
Состојки:

– шлаг;
– вода;
– боја за колачи во вид на гел.


Подготовка:

Изматете го шлагот со водата според упатството. Во шлагот додадете бои за колач, а потоа помешајте ги. Во таа смеса додадете го јајцето и потрудете се јајцето од сите страни да биде опфатено со боја. Оставете ги во фрижидер 30-40 минути, а потоа измијте ги со вода или едноставно шлагот отстранете го со салфета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e