На новинарско прашање за СДСМ и кампањата за вториот круг на претседателските избори, Николоски направи паралела со 2019 година.

Официјално СДСМ не повикуваат на бојкот, водат некоја проформа, но суштински не гризаат на терен. Да, тоа може да донесе тоа да има неуспешни претседателски избори. Само за споредба, во 2019 години во вториот круг беше поверјатно дека изгубиме отколку победиме па водевме најактивна кампања видено било кога. Професорката порасна за 60.000 гласа меѓу двата круга. Овие ќе одат само надолу. Македонскиот народ е свесен и ќе излезе во голем број. Нема да успеат стратегиите на Али Ахмети за бојкот на изборите, вели Александар Николоски за Радио Лидер.

Николоски вели дека со неподдржувањето на Силјановска Давкова помалите партии и кандидатите кои не влегоа во вториот круг, свесно или несвесно му слугуваат на Али Ахмети.

Тоа што ми е жал тука е дека има повеќе партии од македонскиот политички кампус кои што му слугуваат на Али Ахмети, свесно или несвесно, па му прават услуга на Ахмети. Во првиот круг имаше 7 кандидати, од останатите 5 кандидати. Еден беше провладин, а другите четири се уште ја немаат поддржано Силјановска Давкова. Или немаат елементарно чувство за државата, или не може да си го признаат поразот или свесно или несвесно работата за Али Ахмети и власта.

Николоски потенцираше дека овде првенствено мисли на Левица и ЗНАМ. Во ист кош го стави и Стевчо Јакимовски.

Со нападите кон Силјановска Давкова се постројуваат со СДСМ и ДУИ, затоа и по изборите ќе бидат на иста страна со нив. Мислам тука на Левица и ЗНАМ, заклучи Николоски.