Младите фудбалерки (У19) закажаа две контроли со Црна Гора

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години на 17 и 19 февруари ќе одигра два контролни мечеви против соодветната селекција на Црна Гора. Двата контролни натпревари ќе бидат одиграни во Подгорица, Црна Гора.
Првиот контролен меч на програмата е на 17 февруари со почеток од 13 часот, а два дена подоцна предвиден е вториот контролен дуел меѓу овие две репрезентации со почеток од 11 часот.
Женската репрезентација на Македонија до 19 години денеска и официјално ги започна подготовките во Скопје за претстојните два контролни натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО