Младите пијанисти го прославија Денот на пијаното во Крива Паланка

По повод Светскиот ден на пијаното, учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и музичкото студио при НУ Центар за култура Крива Паланка под менторство на Лариса Жулина-Митовски и Марјан Бошковски во Europe house Крива Паланка изведоа свечен концерт на пијано како дел од програмата за одбележување на денот.

d90023b6-33a6-4157-9fed-a3fdf533bd25
-Ден на пијано или ден во чест на „кралот на музичките инструменти“ е настан кој се одржува еднаш годишно, на 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на клавишите на пијаното. Секоја година нашите ученици со задоволство го одбележуваат прекрасниот настан и активно се вклучуваат во прославата на пијаното во нашиот град.

„Ден на пијаното“ е светски настан, кога во текот на еден цел ден му се посветува внимание на пијаното. Бидејќи клавирот , по правило, има 88 клавиши, настанот се случува токму на 88-от ден од годината.

„Ден на пијаното“ е настан за промоција на млади пијанисти, нови звуци, млади и иновативни македонски и странски композитори.

Настанот е инициран од германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам. Тоа е ден, кој не е посветен само на познатиот уметник од Берлин, туку и на прекрасниот инструмент со клавијатура. На денот на настанот во целиот свет љубителите на пијано посетуваат концерти.

Повеќе за настанот на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e