Економија 07.03.2024 08:17

Маск сака да е јасен: Нема да донира пари ниту за Бајден ниту за Трамп

Маск сака да е јасен: Нема да донира пари ниту за Бајден ниту за Трамп

Американскиот милијардер Маск изјави денеска дека нема да донира пари за кампањата на кандидатот на Републиканската партија на американските избори Доналд Трамп, ниту за кампањата на актуелниот претседател на САД Џозеф Бајден.

„Сакам да бидам многу јасен, нема да донирам на ниту еден кандидат за претседател на САД“, напиша Маск на својот профил на мрежата Х.

Маск во текот на викендот се сретна со поранешниот претседател на САД, кој му бараше средства за својата кампања, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли се повлече од трката за републиканска номинација, по што и Трамп и Бајден ги повикаа нејзините приврзаници да гласаат за нив на претстојните претседателски избори во ноември оваа година. ()