Пирс Морган: Не е вистина дека Роналдо ќе оди во Ал-Наср
Шпанската „Марка“ објави дека е постигнат договорот помеѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср од Саудиска Арабија и дека Португалецот таму ќе ја продолжи кариерата, а сега на оваа тема се огласи и Пирс Морган.
Потсетување новинарот Морган пред почетокот на Светското првенство во Катар имаше ексклузивно интервју со Роналдо за неговиот статус во Манчестер јунајтед со кој подоцна спогодбено се раздели.
После официјалниот прекин на соработката со „црвените ѓаволи“, Португалецот кој моментно е со националната репрезентација на Мундијалот, се поврзува со доста клубови.
Денеска „Марка“ информираше дека од 1 јануари 2023 Роналдо ќе настапува за екипата на Ал-Наср и дека за овој клуб ќе игра две и пол години со годишна заработка од 200 милиони евра, но тоа го демантира Морган.
– Повторно, не е вистина – стои во кратката објава на Морган на „Твитер“.
Again, not true. https://t.co/bWeLo4IUvp
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 5, 2022