ПСЖ со понуда до Наполи од 100 милиони евра за Кварацхелија

Грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија е главната цел на ПСЖ во јунскиот трансфер период, по неуспехот на тимот да дојде до финале во Лигата на шампионите оваа сезона.

Како што пренесува „Кориере дело спорт“, 23-годишниот Кварацхелија треба да биде најголемото засилување за ПСЖ ова лето. Наполи е подготвен да го продаде, но согласно последните информации очекува понуда од ПСЖ од најмалку 100 милиони евра.

Според пишувањата, и самиот Кварацхелија сака нова авантура ова лето, а нема ништо против да се пресели во Париз.

Грузиецот оваа сезона и не блеска нешто во дресот на наполитанците, за разлика од минатата, а вистината е и дека Наполи воопшто како тим е далеку од оној од минатата сезона. Сезонава Кварацхелија има само 10 гола и девет асистенции во 42 настапи.

Се вчитува...