Имунизацијата е процес на заштита на здравјето, одбележана европската недела на измунизација

Одбележана европската недела на имунизација, со низа активности. На денешниот ден од здравстваениот дом велат дека целта на оваа недела е да одбележат активна имунизација со теренска вакцинација. На самиот настан има екипи, кои можат да помогнат на родителите доколку имаат некои дилеми во однос на имунизацијата. Затоа што имунизацијата претставува процес за заштита на здравјето на населнието.

„Европската недела на имунизација традиционално се одбележува секоја година од 24 до 30 април. Оваа година во организација на Министерството за здравство, светска здравствена организација, УНИЦЕФ, имаме организирно повеќе активности. Здравствениот дом со цел да ја одбележи акривно неделата на имунизација организираше теренска вакцинација. Услугата е наменета претежно за луѓе кои имаат отежнат пристап до здравствените услуги и оваа акција ќе трае до средината на мај. Покрај тоа денес, планираме акција да сме поблиску до нашите дечиња со делење на рекламен материјал, на некој начин и нашите екипи се овде да одговорат на сте прашања, доколку родителите имаат дилеми околу имуниацијата. Воедно да ја промовираме имунизацијата како процес за заштита на здравјето на населнието“ – изјави Миланова

Во Општина Штип има одзив од 90% за сите вакцини, што значи дека е зголемена свесноста кај родителите за здравјето на своите деца. Затоа што родителите своите деца ги носат редовно на имунизација кога е предвидено во календарот за имунизација.

„Зголемена е свесноста кај родителите за значењето на имунизацијата за заштита на децата. Во Општина Штип имаме над 90% одзив за сите вакцини нешто послабо од околу 87% за МРП со одложување на примање на истата. Сепак најголемиот број од родителите редовно ги носат своите деца да ја примаат вакцината кога то е предвидено во календарот за имунизација.“ – додава Миланова

Посочиа дека во наредниот период планираат работилница во градинките, на дечиња од пет годишна возраст. Велат дека преку интерактиван игра да се ослободат од страваот кој го чувствуваат кога ги посетуваат амбулантите. Апелираат дека кога родителите донесуваат одлука за своите деца, да биде базирана на сигурни извори, а доколку имаат дилеми да се обратат во пунктовите за имунизација.

Лаура Стојанова, М-Нет