Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам доби специјална награда во Мадрид, но ја изведе и својата хит прослава заедно со легендарниот Болт (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам ја доби наградата за најголемо спортско откровение во 2023-та година и „Лауреус“ наградата ја доби од минатогодишниот победник Карлос Алкарас, па Англичаенцот на тој начин комплетираше незаборавни неколку дена во својата кариера.

Најпрво неговиот Реал го елиминираше Манчестер Сити во Лигата на шампионите, во неделата постигна гол за победа против Барселона во 91-та минута, а вчеравечер доби награда на престижната церемонија во шпанската престолнина.

Иако има само 20 години, Белингам со себе носи посебна аура и таквиот негов став ги привлекува и останатите најголеми ѕвезди од останатите спортови, па така најдобриот спринтер на сите времиња се погрижил за уникатна сцена во Мадрид.

Јусеин Болт побарал од Белингам заедно да ја изведат хит прославата која е симбол за Англичанецот, па нивното видео брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Белингам стана голема фудбалска ѕвезда на многу рана возраст, но што е уште поважно, плени и со зрелоста која ја демонстрира и со однесувањето надвор од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни