ВО КУМАНОВО Е ПРЕКИНАТО ГЛАСАЊЕТО НА ТРИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА, СЕ РАСИПАЛЕ АПАРАТИТЕ И ИЗГУБЕН Е ПЕЧАТОТ

    ВО КУМАНОВО Е ПРЕКИНАТО ГЛАСАЊЕТО НА ТРИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА, СЕ РАСИПАЛЕ АПАРАТИТЕ И ИЗГУБЕН Е ПЕЧАТОТДо 15 часот во Куманово гласале 33 отсто од граѓаните. (Фото: СДК.МК)

    Поради расипани апарати за идентификација и изгубен печат денеска не се гласа на три избирачки места во Куманово во првиот круг на претседателските избори. На две избирачки места не работи УБИГ – уредот за биометриска идентификација, а на едно место недостасува печатот.

    Бидејќи техничките проблеми не се решиле за три часа, со одлука на Државната изборна комиисја (ДИК) гласањето е прекинато и ќе биде повторено во наредниот период.

    „Утринава во Куманово отворени беа 164 од 167 избирачки места. Три не се отворени. На избирачкото место 1.075 УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа и покрај сите обиди да се донесат нови. Истото се случи и на гласачкото место 1.100. Во избирачкото место 1.090 изгубен е печатот“, кажа Елизабета Стојковска, претседателка на Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.

    Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места. До 15 часот во Куманово гласале 33 отсто од граѓаните.

    ДИК соопшти дека во земјава излезноста до 15 часот во првиот круг од претседателските избори е 34.59 отсто.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира