Средовечните мажи посебно се палат на овие две работи, а едно нешто никогаш не им паѓа на памет!

5 мај, 20240
67667

Човекот постојано се развива во текот на својот живот – дури и кога станува збор за секс.

Според едно неодамнешно истражување, мажите над 40 сакаат две работи – можеби ќе се изненадите кога ќе видите кои.

Од друга страна, помладите мажи се желни за експериментирање – што е логично од една страна.

Мажите сакаат брз и валкан секс без ограничувања? Да, можно е. Според истражувањето на веб-страницата „LeAffair“, желбите на мажите над 40 години и оние помладите се значително различни. Што ги пали средовечните мажи?

Нежно, не валкано и грубо

Верувале или не: мажите над 40 години најмногу сакаат романса во кревет! Имено, бакнувањето и нежниот, лесен секс се на прво и на второ место на нивните желби! Пред орален секс.

Следен на листата е „нормален секс“ (што и да мислеле со тоа), а потоа секс со жени во секси долна облека и високи потпетици, СМ игри и тројки. Фотографирање или снимање за време на секс воопшто не им паѓа на памет.

А каква е ситуацијата со помладите момци?

Мажите во дваесеттите и делумно во 30-тите, барем според оваа анкета, се поподготвени за експериментирање. Секси фотографии и видео? Тоа е одлично за нив! А сексот со неколку луѓе е во првите пет желби во кревет, пишува Miss7.

Истражувањата покажуваат дека мажите се сексуално најактивни и најмоќни на возраст од 20 до 30 години – сепак, тогаш тие се повеќе фокусирани на квантитетот отколку на квалитетот во креветот. Во средината на четириесеттите години од животот најмногу се менува квалитетот на сексот. Имено, потврдено е дека на 45 години мажите (но и жените) имаат помалку секс, но сексот тогаш станува значително подобар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi