Top Sport

Ред Бул и Адријан Њуи спогодбено се разделија

Адријан Њуи, најдобриот дизајнер во модерната ера на Формула 1, го раскина договорот со Ред Бул. Дека двете страни работата на спгодбен раскин на договорот се шепекулираше изминатите денови. Њуи бил решен да го напушти Ред Бул, а ниту Ред Бул не се обиделе да го задржат Њуи.

Ред Бул денеска потврди дека човекот чии креации освоија шест титули во Светскиот шампионат за конструктори и седум во конкуренција на 19. години поминати во лабораториите на Милтон Кејнс, ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Тимот наведе дека „потребата да бара нов предизвик во кариерата“, го натерала Њуи да си замине, иако долго време се зборува за несогласување меѓу првиот човек на австрискиот тим Кристијан Хорнер според многу мислења најдобриот жив дизајнер на Формула 1 болиди.

„Сакаме да му се заблагодариме на Адријан за сите подвизи во времето кое го поминавме заедно. Тој одигра клучна улога во постигнувањето на неверојатни седум титули кај возачите и шест меѓу конструкторите со вкупно 118 победи, заедно со 101 пол-позиција, вклучувајќи ја и победата на Торо Росо од пол-позицијата во 2007 година“, стои во соопштението кое го обајви Ред Бул.

Допрва ќе се види каква ќе биде иднината на Њуи. Сигурно е дека тој нема да престане да работи. Според медиумите тој може да заврши во еден од овие три тема: Ферари, Мерцедес, Астон Мартин.

Наводно, 65-годишниот Англичанец веќе добиле понуда од Ферари, тим кој се засилува на сите нивоа.

Ако го доведат и Њуи по Луис Хамилтон од Мерцедес, Ферари ќе го добие најтрофејниот возач на сите времиња и најуспешниот шеф за технолошки развој на болидите во Формула 1 од редовите на двата најголеми ривали.

Scroll to Top