Брутално злосторство во Бихаќ: Со нож избоден поранешниот светски вицешампион! Младиот човек во болница, напаѓачот приведен

Истрагата за овој настан е во тек, а постапувачката обвинителка оваа дело го оквалификувала како убиство во обид, соопстија од бихачката полиција.

Медиумите во Босна и Херцеговина јавија за грозоморниот чин што во четвртокот вечерта се случи на Бихаќ. Имено, поранешниот светски вицешампион во бокс, Арнел Булиќ, бил избоден со нож од врсник.

Булиќ, кој го освои сребрениот медал на Светското првенство во 2018 година, сега е во болница каде итно беше пренесен по овој брутален настан. Инаку, полицијата го пронашла напаѓачот и за само еден час го уапсила. Инаку, Булиќ пристигнал во Кантоналната болница со тешки повреди, а полицијата се уште истражува што точно се случило и што го предизвикало нападот.

– Синоќа околу 23 часот од СКУМ на Кантоналната болница нè известија дека со убодна рана во пределот на стомакот е донесен млад човек А.Б. на возраст од 22 години и дека се работи за тешки физички повреди. Со оперативни дејствија полицијата дошла до сознание дека повредениот е Т.К., роден 2004 година на Бихаќка, кој ја нанел раната со нож. Тоа лице синоќа нешто пред полноќ било пронајдено во семејниот дом и било приведено. Истрагата за овој настан е во тек, изјавија од полицијата.