Многу смеа и игри за денот на шегата во Кисела Вода

69

Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, во 11 часот организира голема забава под маски за најмладите.

Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња”.

За изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди.

-Ги покануваме сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден – повикуваат од Општина Кисела Вода.